free counters
Giusto odio dignissimos Omnis dolor repellendus Olimpedit quo minus Itaque earum rerum

Saturday, April 14, 2012


Православните верници утре ќе го одбележат најголемиот христијански празник Велигден - Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.
Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток уште пред изгрејсонце кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.
Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли - христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.
Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.
Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!
Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.
Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.
Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.
Според хронологијата на христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во христовото тело и крв. Оваа света тајна - Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има христовата крв.Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.
Според Светото предание се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.
Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието.
Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос Воскресе.
Потоа му раскажала за се што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.
Следејќи го нејзиниот пример, првите Христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос Воскресе - Вистина Воскресе!

Холивудскиот актер Даниел Крег, во улога на тајниот агент Џемс Бонд, ќе учествува на свечената церемонија на отворањето на Олимписките игри 2012 во Лондон, на повик лично од кралицата Елизабета Втора.
Крег, заедно со кралицата, би требало да се појави во краток промотивен филм под името „Пристигнување“ кој треба да биде прикажан на 27-ми јули на отворањето на ОИ.
Според пишувањето на весникот „Сан“, тајниот агент 007 во филмот стигнува во Бекингемската палата, каде го известуваат дека добил задача да ги отвори Олимписките игри.
Бонд потоа со хеликоптер стигнува на стадионот во Статфорд од каде што со подобран се спушта во арената.

Friday, April 6, 2012

4.200 Македонски навивачи во Гетебург на квалификациите за ЛОИ(Лондон Олимписки игри кфаликикации)
Спремни да ја бодрат македонската ракометна репрезентација  6,7,8 април !
6 Април Македонија-Унгарија 14:30 Петок
7 Април Македонија-Шведска 16:00 Сабота
8 Април Македонија-Бразил 14:45 Недела

Saturday, March 31, 2012


Пред нас се олимписките квалификации во ракомет. Возбудата расте, нашите надежи се големи, Македонците се подготвуваат да ја бодрат својата ракометна репрезентација.
Очекуваме победи и очекуваме повторно да ја запееме навивачката химна на плоштадот.
Многумина од нашите гледачи му забележуваа на Жаре дека зборува само на српски јазик, а не на својот мајчин јазик.
Но, Жаре полека почна да ги дава своите изјави на македонски јазик, а своето племе го натера да застане на страна на македонскиот спорт.
Очигледно, возбудата од претојните мечеви го држеше Жаре и во далечната Костарика.

Monday, January 2, 2012

2011 е година за паметење Македонија осовои 4 место во кошарката во eвропското превенство во Литванија,исто така многу добри беа и во ватерполото,ракометот .