free counters

Спорт!


Ракометната СЕХА лига во текот на викендот ќе ја има својата завршница во Загреб.

Двата македонски тима Металург и Вардар Про можат да бидат задоволни бидејќи ја исполнија основната цел пласман на завршниот турнир.
Во конкуренција на 12 екипи покрај македонските тимови пласман на завршниот турнир обезбедија хрватскиот шампион Загреб и словачкиот првак Татран Прешов.
Според програмата во првото полуфинале денеска од 15:30 часот играат Металург – Татран Прешов, а во второто полуфинале од 18 часот е дуелот Вардар Про – Загреб.
В недела поразените ќе играат натпревар за трето место, а победниците во финалето ќе решат за шампионот во ова натпреварување.
Сите натпревари ќе се одиграат во „Арена“ во Загреб.











 Шведска е репрезентација која добро ја познаваме, игравме против нив во Ниш на ЕП. Ако ги искористиме нашите шанси остануваме во игра за пласман на Олимписките игри во Лондон, истакна селекторот на Македонија Ѕвонко Шундовски.
 
Македонија вчера загуби од Унгарија 26:28, додека Шведска го победи Бразил со 25:20. 
 
На Европското првенство во Ниш на 15 јануари оваа година одигравме нерешено 26:26. 
 
Во шведскиот табор очекуваат тежок и неизвесен дуел.
 
-      Добро е што победивме на првиот натпревар и имаме два бода. Знаеме дека натпреварот со Македонија ќе биде тежок и затоа ќе мора да одиграме но ниво повисоко отколку против Бразил, изјави еден од двајцата селектори на Шведска Ола Линдгрен.
 
Покрај натпреварот Македонија - Шведска во Гетеборг од 13:45 часот играат Бразил - Унгарија.
 
На другите два квалификациони турнири беа постигнати следниве резултати во 1.коло.
 
Турнир во Аликанте: Шпанија - Србија 30:27 и Полска - Алжир 28:27.
 
Турнир во Вараждин: Хрватска - Јапонија 36:22 и Исланд - Чиле 25:17.
 
Денеска играат: Србија - Полска и Шпанија - Алжир (Аликанте) и Хрватска - Чиле и Јапонија - Исланд (Вараждин) 

1 comments:

AleXxX said...
This comment has been removed by the author.

Post a Comment

Коментирај Тука! MyM Blog!