Холивудскиот актер Даниел Крег, во улога на тајниот агент Џемс Бонд, ќе учествува на свечената церемонија на отворањето на Олимписките игри 2012 во Лондон, на повик лично од кралицата Елизабета Втора.
Крег, заедно со кралицата, би требало да се појави во краток промотивен филм под името „Пристигнување“ кој треба да биде прикажан на 27-ми јули на отворањето на ОИ.
Според пишувањето на весникот „Сан“, тајниот агент 007 во филмот стигнува во Бекингемската палата, каде го известуваат дека добил задача да ги отвори Олимписките игри.
Бонд потоа со хеликоптер стигнува на стадионот во Статфорд од каде што со подобран се спушта во арената.





0 comments:
Post a Comment
Коментирај Тука! MyM Blog!